Црвена Звезда раскина со играчот кој беше најавуван како огромно засилување

Италијанскиот фудбалер Кристијано Пичини, по само шест месеци ќе ја напушти екипата на Црвена Звезда. Десниот бек кој беше најавен за огромно засилување, сепак, по краток престој во Белград си оди од клубот.

Двете страни се договорија да го раскинат договорот, а причината е поради тоа што не успеал да се врати од тешката повредата.

„Благодарност до Кристијано на професионалниот однос кон клубот. Станува збор за квалитетен играч, но му се случи тешка повреда и не успеа да се врати на ниво на кое било. Одигра добра полусезона, се најде на списокот на италијанската репрезентација, но темпото во овој момент е пресилно за него“, рече спортскиот директор Митар Мркела. 

Пичини во минатото беше дел од Валенсија, играше и со Ристовски во Спортинг, Бетис, Специја, Ливорно, Каранезе и Фиорентина.

Се вчитува...