Како дете беше подобар од Меси, но го избра Милан… и пропадна

Добро позната е приказната за животниот пат на Лионел Меси младото аргентинско момче што заедно со семејство го напушти Росарио и се пресели во Барселона, за да ги достигне највисоките фудбалски височини и да се промовира во еден од најдобрите играчи на сите времиња. Сепак, малкумина знаат за Леандро Депетрис, исто така момче од Росарио кое своевремено важеше за далеку поголем талент од Меси.

Сепак, додека Лео си ја најде среќата во Барселона, Леандро се реши за преселба во Италија, потпиша за Милан, што значеше крах на неговиот фудбалски пат.

Точно е, тогаш играв исто како Лео, можеби и подобро од него. Дефинитивно бев попознат од Меси, излегував на теренот, а на трибините имаше по 2.000 луѓе кои доаѓаат да ме гледаат мене како играм фудбал, и тоа на 11-годишна возраст. На 12 години луѓето ме застануваа на улица за да се сликаат со мене. Сепак, после тоа се случија многу работи… не знам што да речам“ – открива денеска 29-годишниот Депетрис.

По фијаското во Милан тој се обиде да настапува за Ривер плејт, но беше јасно дека самодовербата е целосно загубена, па Депетрис сега настапува за аргентинскиот аматерски клуб Треболенсе.

Не ги направив работите што требаше, иако се чинеше дека не можам да згрешам што и да одлучам. Се сеќава, првпат кога дојдов на „Сан Сиро“, имаше 70.000 фанови, а јас бев одличен, најбрз со топката од сите останати. Сепак, на крајот се покажа дека одлуката на мојот татко да дојдам во Италија така млад беше сосема погрешна. Никогаш немав проблеми со алкохол и дрога, ниту пак сум се однесувал лошо или непрофесионално. Од сегашна перспектива, жалам што не побарав помош од психолог или поголема поддршка од родителите бидејќи чувствував огромен притисок“ – истакнува Леандро Депетрис.

Се вчитува...