Беше стартер во „Ел Класико“, па Барса му даде нов договор со откупна клаузула од пола милијарда

Тинејџерот на Барселона , Фермин Лопез, потпиша нов договор со клубот до 2029 година. Тоа попладне се појавил во канцеларијата во друштво на неговите родители и неговите агенти.

Лопез има 21 година, а претходниот договор му беше до 2027 година. Со новиот скока неговата плата, како и откупната клаузула од 400 на 500 милиони евра.

Фермин го имаше своето деби за првиот тим на Барса на 27 август 2023 година и веќе има 48 настапи со 11 гола и 3 асистенции во нив. Тој беше стартер во минатото издание на Ел Класико.

Се вчитува...