Беше супер додека траеше: Кокошков ја напушта клупата на Словенија

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Словенија, која се закити со златен медал на Евробаскет, Игор Кокошков, го најави своето заминување од клупата. Српскиот стратег има огромни заслуги за сензационалното освојување на првото место, но сега се враќа во НБА каде го чекаат нови обврски како помошен тренер во Јута џез.

„Невозможно е да останам, а знаете и зошто. Новиот календар на ФИБА влијае на кошаркарите, но и на тренерите. Ова што го работев во Словенија не го сметав како работа, туку за мене беше големо задоволство. Ми беше чест што ги тренирав овие момци и што бев дел од оваа прекрасна приказна“, изјави Игор Кокошков.

Се вчитува...