Фенербахче не е единствениот турски гигант заинтересиран за Дарко Чурлинов откако Бешикташ се вклучи во трката за ангажман на македонскиот суперталент. Турскиот весник „Фанатик“ во своето денешно издание објави дека Бешикташ планира да ангажира неколку „засилувања за иднината“, а на самиот врв на листата со желби се наоѓа токму Чурлинов.
Македонецот имаше извонредна сезона со младинскиот тим, со 18 погодоци станувајќи најдобар стрелец во лигата за својата возраст. Тоа беше доволна препорака за тој да биде прекомендуван во првата екипа за летните подготовки, а Чурлинов ја оправда довербата постигнувајќи неколку подготовки на досегашните пријателски натпревари.
Тренерот на Келн се уште нема донесено одлука дали да го задржи Македонецот во првиот тим за стартот на сезоната, додека Бешикташ и Фенербахче будно ја следат ситуацијата и се подготвуваат да испратат и официјална понуда за да го доведат овој талентиран фудбалер во Истанбул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА