Турскиот клуб Бешикташ брзо се откажа од услугите на голманот Лорис Кариус, кој дојде од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул. Тој дојде на позајмица за две сезони, но многу брзо го загуби местото во тимот и седна на клупата за резерви. Раководството сега сака да го прекине договорот и да го врати на „Енфилд Роуд“ побрзо од предвиденото.
Бешикташ има поинаков план. Сака да го добие на позајмица напаѓачот Дивок Ориџи, кој исто така нема минутажа кај менаџерот Јирген Клоп оваа сезона и размислува за заминување во друга средина. Белгиецот оваа сезона нема одиграмо ниту едне натпревар за „црвените“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА