Бешикташ го задржа Кварезма до 2020 година

Португалскиот интернационалец Рикардо Кварезма го продолжи договорот со турскиот клуб Бешикташ. Тој ќе остане во редовите на Бешикташ до 2020 година, иако имаше богата понуда и да се пресели во Кина. Сепак, одлучи и понатаму да го носи „црно-белиот“ дрес на овој клуб, и во наредните три сезони.

Кварезма дојде во Истанбул во 2015 годинам од тимот на Порто, а во кариерата настапуваше и за Спортинг Лисабон, Барселона, Интер, Челси и за Ал Ахли.

Се вчитува...