Бешикташ се вклучи во трката по Дарко Велковски

Турскиот гигант Бешикташ е најновиот клуб што искажува интерес за да го доведе во своите редови македонскиот репрезентативец Дарко Велковски. Одличниот дефанзивец е член на Ријека и има договор до крајот на сезонава, па челниците на хрватскиот клуб се обидуваат да го продадат во текот на јануарскиот преоден рок.

Трабзон веќе покажа интерес за услугите на Велковски, но ситуацијата во меѓувреме се промени, челниците на Трабзон сега вниманието го насочија кон Вида од Бешикташ, а „црно-белите“ од Истанбул сакаат да го заменат хрватскиот ветеран токму со македонскиот фудбалер. Како опција се споменува и Бразилецот Кајо од Фламенго, но Велковски е далеку поевтина варијанта за клубот што во последно време се соочува со финансиски проблеми.

Неодамна сериозен интерес за услугите на Велковски искажаа и челниците на Малме, па ќе биде интересно да се види каде македонскиот репрезентативец ќе ја продолжи кариерата по заминувањето од Ријека.

Се вчитува...