Бесир Алили е кадетски европски шампион во борење

Македонскиот борач Бесир Алили е европски кадетски шампион во борење откако во финалето на Европското кадетско првенство во Фиренца, Италија стигна до златниот медал.

Алили во финалето славеше со 7-6 против Харутјун Хованисјан од Ерменија, на тој начи по долги години носејќи златен медал за Македонија од едно големо европско натпреварување.

На патот до финалето Алили ги совлада Оскар Кулчицки од Полска, Андреј Витан од Молдавија и Лука Гугешашвили од Грузија.

Македонија има можност и за бронзен медал. Реџеп Хајдари (92 кг.) ќе се бори за третото место на шампионатот. Стефан Штерјов (45 кг.) и Аид Салихаси (51 кг.) стигнаа до репасажот и имаат, исто така, шанса да се борат за медал.

Се вчитува...