Беспрекорно полувреме на Македонија во Ереван: Водство од 0-2 против Ерменија! (ВИДЕО)

Македонската репрезентација игра извонредно прво полувреме на гостувањето против Ерменија во Ереван во 9. коло од Групата Ј во квалификациите за СП 2022, завршувајќи го со предност од 0-2.

Во меч во кој Македонија игра одлично тактички во формацијата од 4-2-3-1, со очекуваниот состав а единствено Стефан Ашковски на деснобековската позиција како замена за Стефан Ристовски.

И токму првиот гол за водство на избраниците на Благоја Милевски е дело на Ашковски кој одлично продре по десната страна и асистираше на Трајковски кој од непосредна близина во 22. минута погоди за 0-1.

Во продолжението Ерменците се обидуваа да дојдат до израмнување, но повторно одлична акција на Македонија која по асистенција на Елиф Елмас со прекрасен удар од 18 метри ја завршува капитенот Енис Барди за 0-2.

Се вчитува...