Бетис ги шокира Кралевите, Мбапе не реализира пенал во судиското продолжение (Видео)

Фудбалерите на Бетис приредија големо изненадување во четвртото коло од Ла Лига и со 1:0 го совладаа Реал Мадрид.
Кралевите имаа шанса да се спасат од пораз во судиското продолжение, во ударот од белата точка на Килијан Мбапе, го одбрани голманот на Бетис, Алваро Ваљес.

 

Покрај голманот Ваљес, херој на Бетис беше Парот кој во 81-та минута го постигна единствениот гол на мечот.

Кралевите во 87-та минута постигнаа гол, но беше поништен поради офсајд.
Во судиското продолжение, судијата Ернандес досуди пенал за Реал Мадрид по прекршокот врз Винисиус јуниор, но Килијан Мбапе не успеа да го спаси својот тим до пораз.

Ова беше прв пораз за Реал Мадрид и остана на девет бода, колку шпо има и Бетис.

Се вчитува...