Бетис го купи Хави Гарсија од Зенит

Шпанскиот интернационалец Хави Гарсија се врати во својата земја, откако во последните три сезони го носеше дресот на Зенит. Тој потпиша договор со Бетис и ќе го засили средниот ред на овој тим во наредните три години.

Хави Гарсија е дете на Реал Мадрид, во Шпанија се наметна во Осасуна, потоа се врати на една сезона во „кралскиот клуб“, од каде замина во Бенфика. По португалската одисеја играше две сезони во дресот на Манчестер сити, а потоа одлучи да се пресели во Русија. Сега 30-годишниот Хави Гарсија одлучи да се врати во родната земја и ќе ги брани боите на Бетис.

Се вчитува...