Бетис го смени тренерот Руби

Серијата слаби резултати по коронавирусот придонесе управата на Бетис да му врачи отказ на тренерот Руби, кој од денеска повеќе не е шеф на стручниот штаб на прволигашот од Севилја. Бетис го донесе Руби минатото лето, плаќајќи и отштета на Еспањол за да го ангажира овој стратег, кој воопшто не ги оправда очекувањата.

Тимот цела сезона играше крајно променливо, а откако во трите кола по паузата освои само еден бод и падна на 14. место на табелата, одлуката за разделба стана неизбежна.  Бетис вчера претрпе пораз од 1-0 на гостувањето против Атлетик Билбао, меч на кој тимот од Севилја во самиот финиш не реализираше пенал.

За привремен наследник на Руби е именуван спортскиот координатор во клубот, Алексис Трухилјо, кој беше „спасител“ на тимот и кон крајот на сезоната 2016/17, кога му беше врачен отказ на Виктор Санчез. Бетис во следното коло ќе го пречека „фенерџијата“ Еспањол, идеална шанса за прекин на серијата слаби резултати.

Се вчитува...