Бетис му го нанесе петтиот последовен пораз на Еспањол

Еспањол е во голема резултатска криза во Ла Лига. Тимот од Барселона и петти пат последовно со пораз го заокружува настапот во шпанскиот шампионат, откако денеска на домапен терен загуби од Бетис со 1-3.

Ло Селсо во 17.минута не реализира пенал за гостите, а Серхио Гарсија седум минути подоцна го доведе Еспањол во водство. Но, и тоа не беше доволно за да се стави крај на црната серија. Токму Ло Селсо израмни пред крајот на првиот дел, Кристијан Телјо во 85.минута обезбеди предност за гостите, а Дуарте си постигна автогол за продолжување на мизеријата на Еспањол.

Се вчитува...