Бетис по трет пат во својата историја го освои Купот на Кралот

Реал Бетис е освојувачот на овогодишното издание на Купот на Кралот откако тимот од Севилја во финалето ја совлада Валенсија по изведување на пенали. Регуларниот дел од мечот заврши со резултат 1-1 по головите на Борја во 11. минута и Хуго Дуро во 30. минута.

Во дополнителните 30. минута мрежите останааа недопрени, а во пенал рулетот го одлучи четвртата серија кога младиот Муса ја прати топката преку пречката. Сите фудбалери во „зелено-бело“ беа прецизни за големо славје и трет Куп трофеј од пет финални натпревари.

Се вчитува...