Бецеки го победи Маркез и постави рекорд за пол-позиција во Арагон

Марко Бецеки ја освои пол-позицијата за Големата награда на Арагон во Мото ГП, откако италијанскиот возач постави нов рекорд на патеката „МоторЛенд Арагон“ во Шпанија.

Возачот на Априлија имаше фантастични квалификации и со време од 1:44.962 минути го постави најбрзиот круг во историјата на патеката. Бецеки стана и првиот возач кој успеал да вози под границата од 1:45 минути на оваа патека.

Актуелниот светски шампион Марк Маркез мораше да се задоволи со второто место. Возачот на Дукати долго време беше во игра за пол-позицијата, но на крајот не успеа да го надмине одличното време на Бецеки.

Третото место му припадна на Алекс Маркез, па браќата Маркез ќе стартуваат од првиот ред, веднаш зад Бецеки.

Одличен настап имаше и Раул Фернандез, кој ги заврши квалификациите на четвртото место, додека петти беше Хорхе Мартин. Следуваат Педро Акоста, Фабио Ди Џанантонио, Франческо Бањаја и Жоан Зарко.

Се вчитува...