„Бев против трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус“

Сегашниот претседател на Интер и поранешен на Јувентус, Бепе Марота зборуваше за причините за напуштање на тимот од Торино во 2018 година.

Тој кажа дека бил против трансферот на Кристијано Роналдо во „бјанконерите“, но и дека неговиот потпис немал врска со неговото заминување.

„Не се согласував со потпишувањето на Кристијано Роналдо. Не сакав да го ангажираме и бев против. Меѓутоа моето заминување немаше врска со тоа. Кога сопствениците на клубот прават чекор напред, менаџерот мора да прави чекор назад“, рече Марота.

Се вчитува...