Без Енис Барди против Хрватска и против Чешка!?

Македонската репрезентација ќе биде сериозно ослабена на двата пријателски натпревари против Хрватска и против Чешка следниот месец со неиграњето на капитенот Енис Барди.

Селекторот Благоја Милевски најверојатно нема да може да смета на неговите услуги, откако фудбалерот од средниот ред се повреди на последниот меч за Трабзонспор. Според денешните информациит од Трабзонспор, се работи за повреда на рамото поради која ќе биде неопходно мирување најмалку две недели. Тоа значи дека Барди тешко дека ќе може да биде подготвен за двата престојни дуели.

Барди ќе допатува во Скопје на репрезентативниот собир каде ќе биде и дефинитивно утврдено дали ќе може да му помогне на националниот тим.

Како што е познато, повреда има и Дарко Велковски па и тој ќе има „битка за времето“ околу подготовка за двата натпревари.

Натпреварот против Хрватска се игра на 3. јуни во Ријека, а дуелот против Чешка е на 10. јуни во Храдец Кралове.

Се вчитува...