АП Брера и Вардар на полувреме без голови. Вардар, очекувано, има повеќе од иницијативата, но тешко доаѓа до прилика да создаде шанса со која би го загрозил голот на домаќинот. Најсериозната шанса ја имаше Спахиу по една нафрлена топка, но лошо ја зафати, па таа заврши само крај голот.
Сите обиди на „црвено-црните“ беа лесен плен за Илоски, па така лидерот на табелата без предност заминува на паузата меѓу двете полувремиња.
Од друга страна, пак, АП Брера чека некоја грешка за да го изненади гостинот, но такво нешто во првиот дел немаше, па сега ќе се бараат голови во вториот дел. Дополнително, за двата тима проблем претставува и тешкиот терен, натопен со вода за да се развие некоја посериозна акција или да се исполнат тактичките замисли на двајцата тренери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

