Без голови на празната „Маракана“, ПСВ е на чекор до ЛШ, Бенфика ќе се мачи…

Црвена звезда и Салцбург ремизираа 0-0 на првиот меч од плејоф-фазата за влез во групите од Лигата на шампините. Поголемиот дел од натпреварот мина во мирна игра, а фактот дека мечот се играше пред празни трибини (поради казната на Црвена звезда од УЕФА) придонесе уште понотон фудбал. Најубавите шанси во второто полувреме ги имаа домаќините, но голманот Станковиќ ги запре ударите на Дегенек и на Симиќ, обезбедувајќи му реми на својот тим пред реваншот во Австрија.

ПСВ Ајндховен се наоѓа на чекор до групната фаза откако вечерва славеше со 2-3 на гостувањето против БАТЕ Борисов. Туоминен го доведе БАТЕ во водство, но ПСВ направи целосен пресврт и со головите на Переиро, Лозано и Мален стигна до огромна победа.

Многу пот за место во ЛШ ќе треба да потрошат фудбалерите на Бенфика, кои за осум дена ги очекува пеколно гостувањето во Солун против ПАОК, откако португалскиот состав не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен ремизирајќи 1-1. Бенфика прва поведе со голот на Пици од пенал во 45. минута, но ПАОК постигна многу значаен гол преку Амир Варда, како најава за драматичен реванш.

Се вчитува...