Без голови по првиот дел меѓу Силекс и Дрита

Македонскиот прволигаш Силекс на полувреме ремизира со косовска Дрита 0-0 во натпревар од второто коло од Лигата на Европа. Тврдо прво полувреме во кое и двата тима играа претпазливо. За издвојување се неколкуте удари од далечина на кратовци со кои се обидоа да го изненадат гостинскиот голман, како и петте жолти картони кои ги додели англискиот судија Ендрју Медли.

За потсетување Силекс во Лигата на шампионите испадна од азербејџанскиот Карабах, а доколку успее да се квалификува во третото квалификациско коло ќе игра со Легија од Варшава.

Се вчитува...