Без изненадувања – Брестовац со поширок список за ЕП 2020

Селекторот на македонската репрезентација, Данило Брестовац, го објави поширокиот список од 28 ракометари кои ќе бидат во комбинација за настап на ЕП 2020 во јануари следната година.

На списокот на Брестовац нема поголеми изненадувања, а селекторот дополнително ќе го објави скратениот список на играчи кои ќе бидат повикани за стартот на подготовките и турнирот во Романија кон крајот на овој месец.

Според планот за подготовки на селекторот, репрезентацијата ќе се комплетира на 2 јануари, кога ќе замине на завршни подготовки во Словенија, каде ќе одигра уште две контролни средби до стартот на ЕП2020 и премиерниот дуел со Украина закажан за 10 јануари.

Се вчитува...