„Без Јокиќ се се распаѓа“

Еден Никола Јокиќ не беше доволен за Денвер да ја запише петата победа во сезоната. Српскиот центар на мечот со Мемфис постигна дабл-дабл од 34 поени и 11 скока на кои додаде и 5 асистенции, но тимот од Колорадо загуби со 108-106.

По крајот на мечот тренерот Марк Мелоун не беше задоволен од прикажаното на неговиот тим, а изјави дека без Јокиќ на паркетот играта на неговиот тим се распаѓа.

„Секој пат кога Јокиќ ќе излезе од игра се се распаѓа. И тоа е така секоја вечер. Кога ќе дојдам до него во последната четвртина и кога ќе го викнам да се врати на паркетот ме погледува како да вели ‘Зар сега’. Жал ми е. Доколку продолжиме во ова темпо ќе го потрошиме до Божиќ“, изјави тренерот на Денвер.

По осум одиграни натпревари Денвер има скор од четири победи и четири порази.

Се вчитува...