Роберто Мартинез вчера официјално се раздели со португалската репрезентација, по неуспехот на Светското првенство и елиминацијата во осминафиналето, и веќе се споменува како можен нов селектор на Шкотска.
Шкотска е во потрага по селектор, откако Стив Кларк поднесе оставка по елиминацијата во групната фаза на Светското првенство.
Медиумите на островот го наведоа Мартинез како еден од кандидатите, истакнувајќи ги неговите врски со земјата. Поранешниот тренер на Свонси, Виган и Евертон еднаш играше за Мадервел, а токму во Шкотска во 2002 година ја запозна својата сопруга.
Главниот фаворит за позицијата тренер, Анже Постекоглу, во меѓувреме го презеде Ал Наср, па сега Мартинез, човек за кој критичарите велат дека „ги уништил златните генерации“ на Белгија и Португалија, одеднаш се појави во преден план.
Инаку Шкотска е противник на Македонија во новата Лига на Нации која стартува во септември, и доколку го презеде кормилото, ќе го гледаме во Скопје на дуел со Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
