Без Македонци во дрим-тимот на групната фаза на ЕП

ЕХФ денеска го објави списокот на ракометари кои влегоа во дрим-тимот на првите две групни фази од европскиот шампионат што се одржува во Хрватска. Во него нема место за ниту еден македонски репрезентативец, а најбројни се Французите, кои во овој идеален тим се застапени од голманот Жерар и средниот бек Мае.

Мануел Штрлек од Хрватска е најдобро лево крило, а во дрим-тимот има место и за Чехот Здрахала, потоа за шпанското крило Соле, за десниот бек на Шведска, Лагергрен, како и за норвешкиот пивот Мирхол.

Данска, иако обезбеди пласман во полуфиналето од ЕП 2018, нема ниту еден свој претставник во овој дрим-тим.

ГОЛМАН: Винсен Жерар (Франција)

ЛЕВО КРИЛО: Мануел Штрлек (Хрватска)

ЛЕВ БЕК: Ондреј Здрахала (Чешка)

СРЕДЕН БЕК: Кентин Мае (Франција)

ДЕСЕН БЕК: Албин Лагергрен (Шведска)

ДЕСНО КРИЛО: Феран Соле (Шпанија)

ПИВОТ: Бјарте Мирхол (Норвешка)

Се вчитува...