Без Македонци во ол-стар тимот на ЕП 2018

Ракометари од шест репрезентации го сочинуваат ол-стар тимот на ЕП 2018 во Хрватска, кој ЕХФ го објави непосредно пред почетокот на завршните натпревари за распределба на медалите.

Финалистите на ЕП, Шпанија и Шведска во најдобриот тим на првенсттвото застапени се со тројца играчи, а кај скандинавскиот состав заврши и МВП наградата копја ја доби шведскиот плејмејкер Џим Готфридсон.

Во изборот на ол-стар тимот на ЕП учествуваа и над 10.000 фанови чии гласови беа 40 проценти во изборот, а 60 проценти во финалниот избор беа гласовите на експертите. Во конкуренција за ол-стар тимот беа и двајца македонски репрезентативци – Филип Талески и Стојанче Стоилов, но тие не флегоа во најдобрите седум.

Олд стар тимот на ЕП 2018 го сочинуваат:

Голман: Винсент Жерар (Франција)

Лево крило: Мануел Штрлек (Хрватска)

Лев бек: Микел Хансен (Данска)

Среден бек: Сандер Сагосен (Норвешка)

Пикер: Јеспер Нилсен (Шведска)

Десен бек: Алекс Душебаев (Шпанија)

Десно крило: Феран Соле (Шпанија)

Дефанзивец: Јакув Гојун (Хрватска)

МВП: Џим Готфридсон (Шведска)

Се вчитува...