Без најголемата ѕвезда: Австрија доаѓа без Давид Алаба

Фудбалската репрезентација на Австрија утре ќе допатува во Скопје без најголемата ѕвезда Давид Алаба. Фудбалерот на Баерн Минхен заработи повреда на мечот против Словенија во петокот и по деталните лекарски прегледи е проценето дека не е способен за настап. Тој денеска ја напуштил базата и нема да биде дел од експедицијата што ќе допатува во Македонија. Алаба го повредил бутниот мускул на левата нога и го очекува пауза од најмалку триесетина дена, но сезоната е веќе завршена.

Селекторот на Австрија, Франко Фода, ќе допатува со 22 фудбалери, а меѓу нив и дефанзивецот Мартин Хинтерегер кој се жали на болки во грбот. Тој беше стартер на мечот против Словенија (1-0) на централната стоперска позиција заедно со Александар Драговиќ.

Се вчитува...