Без нив не е доволно секси: Убавите девојки се враќаат во Ф1

Секси девојките повторно се враќаат како декор во Формула 1. Со прекрасните грид-девојки Ф1 изгради посебен стил, а на почетокот на оваа сезона, новите сопственици на франшизата, компанијата „Либерти Медиа“ одлучи тие да бидат повлечени, а Формула 1 да се посвети на промоцијата на овој спорт на сосема поинаков начин, со присуство на децата.

Сепак, така не мислат и организаторите на трките, на кои стопроцентно им е јасно дека без грид-девојките се губи гламурот, а првата наредна трка на која се ќе се врати на старо ќе биде ГН на Монако која ќе се одржи на 27.мај.

„На нашата трка во Монте Карло, настаните се следат од јахтите, се е посветено на гламурот, и секако дека и грид – девојките ќе бидат дел од спектаклот“, изјавија организаторите на трката за ГН на Монако.

 

Се вчитува...