Без промени на АТП: Ѓоковиќ ја започна 340-тата недела на врвот

Најдобриот тенисер во светот продолжува да го урива рекордот по број на недели на првото место на АТП листата, од денес Новак Ѓоковиќ ја започна 340-та недела како светски тениски рекет број еден.

Во првите десет немаше промени, па тениската ранг листа во споредба со претходните седум дена останува иста.

Србинот има 12.133 поени, 1.558 повеќе од второпласираниот Данило Медведев, победникот на УС Опен. Третиот е Стефанос Циципас со 8.350, четврти е Германецот Александар Зверев со 7.760, а петти е Русинот Андреј Рубљев со 6.130. Во првите десет се најдоа и Рафаел Надал, Матео Беретини, Доминик Тим, деветтиот е Роџер Федерер, а десетти е младиот Каспер Рад.

 

 

 

Се вчитува...