Без промени на ФИФА листата: Македонија на 68. место

Македонската фудбалска репрезентација е без промени на позицијата на најновата ФИФА ранг листа, останувајќи на 68. место.

Македонија беше без настап изминатиов период, па остана на 1347 бода на 68-та позиција. Противникот во полуфиналниот бараж од Лигата на нациите, селекцијата на Косово е на 115. место со 1174 бода.

На врвот на листата нема промени меѓу Топ 10 репрезентациите. Прва е Белгија пред Франција и Бразил.

Се вчитува...