Без промени на списокот: Македонија во најсилен состав за историскиот меч со Грузија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот за историскиот натпревар против Грузија во баражот за пласман на Европското првенство 2020. Одлична вест за Македонија е што нема никакви проблеми со коронавирусот и селекторот ќе може да смета на сите фудбалери. Елиф Елмас се враќа во репрезентацијата откако ги пропушти октомвриските натпревари поради позитивен тест на Ковид-19.

Македонската фудбалска репрезентација историскиот натпревар за пласман на ЕВРО 2020 ќе го игра на 12. ноември на гостински терен во Тбилиси, а потоа ги очекуваат два натпревари од новото издание на Лигата на нации, на 15. ноември во Скопје против Естонија и на 18. ноември против Ерменија во Кипар.

Се вчитува...