Без промени на врвот – Шкендија се спасуваше во Струга, реми без голови во Ѓорче Петров, Силекс победи во Битола (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 13. КОЛО….

Струмица: БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ (2-2)

Размоски 18′, Каланоски 58′(п) – Ѓурѓевиќ 26′(п), Шаркоски 36′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (0-0)

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА (1-1)

Ристевски 12′ – Ибраими 79′

Тетово: РЕНОВА – БОРЕЦ (1-0)

Селмани 90′

Битола: ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (1-2)

Драгарски 53′ – Мустафов 2′, Ристов 34′

ВЧЕРА

Скопје: ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ 2-0

======================================================================================

  • Заврши и дуелот во Струга. Струга Трим Лум и Шкендија ремизираа (1-1) за поделба на бодовите.
  • Крај и на натпреварот во Ѓорче Петров, без голови на дербито меѓу Македонија ЃП и Шкупи.
  • Силекс со 1-2 победи на натпреварот во Битола против Пелистер со два ефектни гола на Мустафов и на Ристов.
  • Заврши натпреварот во Тетово. Ќатип Османи со победа на првиот меч по враќањето на клупата на Ренова. Триумф со гол во 90. минута за Ренова против Борец
  • Крај на натпреварот во Струмица. Два пенали и два ефектни гола на двете страни, на крајот за реми (2-2) меѓу Беласица и Работнички.

РЕНОВА – БОРЕЦ (1-0)

1-0 – 90′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. И со играч помалку, со голот на Ремзифаик Селмани, Ренова доаѓа до водство против Борец

СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА (1-1)

1-1 – 79′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Цаке од лево во обид да нафрли го изненадува домашниот голман кој кратко ја одбива топката а на која натрчува Бесарт Ибраими и од неколку метри израмнува

СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА (1-0)

78′ – 100% шанса за Шкендија. Ибраими шутира од 20 метри, топката по одбраната на домашниот голман одбиена во поле каде нововлезениот Ес Сахал од само неколку метри шутира високо над голот

СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА (1-0)

72′ – Добар обид на Емир Скендери од 18 метри, но брани Захов

РЕНОВА – БОРЕЦ (0-0)

!!! – 67′ – Втор жолт картон и исклучување за Филип Стојчевски кај Ренова

БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ (2-2)

2-2 – 58′ – ГОООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Антонио Каланоски со удар од белата точка носи израмнување во Струмица

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (1-2)

1-2 – 53′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Христијан Драгарски ја намалува предноста на гостите

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите од 13. коло во ПМФЛ
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ (1-2)

1-2 – 36′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Одлична акција на Работнички. Лука Станковски мајсторски со топка од длабочина го проигрува Шаркоски кој постигнува ефектен гол за водство


ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (0-2)

0-2 – 34′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Денис Ристов ја зголемува предноста за кратовци


МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (0-0)

24′ – Илирид Адеми во одлична шанса, шутира од десетина метри но брани домашниот голман Стевковски

БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ (1-1)

1-1 – 26′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Сомнително досуден пенал за Работнички, но Ѓурѓевиќ успешен реализатор од белата точка


БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 – 18′ – ГОООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Евро-гол на Дарко Размоски кој од 18 метри стрела во горниот десен агол од голот на Јанков


МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (0-0)

12′ – Огромна шанса за Калид Абдул Басит кој изби сам пред голот на Шкупи, но шутира покрај голот на гостите

СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА (1-0)

1-0 – 12′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. По нафрлањето од левата страна, Ристевски осамен пред голот на гостите од неколку метри со глава носи водство за стружани

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (0-0)

7′ – Убава шанса за Шкупи, Дарбо Дембо во шанса но Адем спасува во последен момент пред домашниот гол

БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

6′ – Одличен шут на Силва од 25 метри кон голот на Работнички, но сантиметри покрај левиот дирек од голот на Јанков

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (0-0)

1′ – Се оддолжи почетокот на натпреварот во Ѓорче Петров, поради проблеми со мрежата на еден од головите…

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (0-1)

0-1 – 2′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Уште непочнат натпреварот, Силекс со убавиот гол на Бурхан Мустафов во 61-та секунда од натпреварот поведува во Битола против Пелистер


ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 13. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати составите за дерби натпреварот меѓу Македонија ЃП и Шкупи

  • Во Битола, натпревар кој мора да се добие и за Пелистер и за Силекс

  • Познати составите и за дуелот во Струга…

======================================================================================

Во 13. коло од ПМФЛ, дербито во Ѓорче Петров каде Македонија ЃП го пречекува Шкупи. Интересна пресметка и во Струга каде домашната Струга Трим Лум ќе биде домаќин на Шкендија.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...