Без Спировски, Трајковски и Младеновски против Израелците

Македонската репрезентација ќе биде и без Стефан Спировски, Александар Трајковски и Марио Младеновски на утрешниот натпревар против Израел, последен во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020.

И тројцата, поради повреди, не ги одработија тренинзите по враќањето на националниот тим од Виена, па по денешниот последен тренинг во пресрет на мечот веќе и дефинитивно е јасно дека селекторот Игор Ангеловски нема да може да смета на неговите услуги.

Но, во однос на натпреварот со Австрија, во тимот се враќаат Висар Муслиу, Бобан Николов и Илија Несторовски кои паузираа поради жолти картони, а подготвен за утрешната пресметка ќе биде и капитенот Горан Пандев.

Се вчитува...