Без тројца првотимци – МЗТ „осакатен“ на клучниот „балон“ во Златибор

МЗТ Скопје денеска ќе го стартува настапот на четвртиот „балон“ турнир во АБА2 лигата во Златибор, но македонскиот шампион ќе биде сериозно ослабен поради неиграњето на неколку стандардни првотимци.

Покрај Андреј Магдевски, кој ги пропушти и претходните лигашки натпревари, од комбинација за настап отпаднаа и Американците Олуџоби и Гравет, кои воопшто не отпатуваа со тимот за Србија.

„За жал, проблемите со кои се соочивме токму пред најважните натпревари се огромни. Олуџоби има сериозен проблем со лигаментите на коленото, а деталните прегледи во Скопје ќе покажат колку ќе изнесува паузата. Гравет има скинат мускул, а ќе го немаме ниту Андреј Магдевски“, потврдија за ЕКИПА од МЗТ Скопје.

„Металците“ вечерва во 21 часот го играат првиот меч во Златибор против екипата на Спарс.

Се вчитува...