Безвременскиот Џиџи Буфон – Пред 24 години играше со таткото, а сега за соиграч во Јуве ќе го има синот

Џанлуиџи Буфон продолжува да ја воодушевува светската јавност. Италијанецот и во 42 година се ушт е дел од Јувентус и очигледно не планира да ја заврши фудбалската кариера. Уште еден податок за долговечноста на популарниот Џиџи е тоа што во тимот за соиграч ќе го има Федерико Киеза кој е син на легендарниот Енрико Киеза кој со Буфон во Парма играше во  1996 година.

Енрико Киеза три години беше дел од Парма во кои настапуваше заедно со Буфон, пред да премине во Фиорентина. По цели 24 години, сега Џиџи ќе игра и со неговиот син. 49 годишниот Киеза, кој е седум години постар од Џиџи, професионалната кариера ја заврши во 2010 година, а легендарниот италијански голман се уште е дел од голманската елита.

Се вчитува...