Српските одбојкарки ја совладаа Италија во четвртфиналето на Олимписките игри во Токио со 3-0, а Тијана Бошковиќ одигра неверојатен натпревар, па оправдано ги освои симпатиите и беше предмет на урнебесни коментари на социјалните мрежи.
Таа запиша 24 поени и ја проби одбраната на светскиот вицешампион во одбојка, а ова не помина незабележано во српската спортска јавност. Сите оние кои го следеа натпреварот со Италија (25:21, 25:14, 25:21) видоа колку Бошковиќ со помош на Маја Огњеновиќ ја измачуваше Италија и продолжи онаму каде што застана во првата фаза од натпреварувањето.
Коментарите на социјалните медиуми беа прилично духовити и урнебесни. Од сите нив, се издвојува коментар во кој еден маж посака Тијана Бошковиќ да му удри шамар ако повторно сака да ја повика поранешната девојка.
Kad pozelim da se javim bivsoj volio bih da mi Tijana Boskovic opali samar
— Beranac (@beranac_) August 4, 2021
Следниот противник на Србија во полуфиналето на Олимписките игри е селекцијата на Соединетите Американски Држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА