„Би ве замолил да бидете внимателни… Семејството Ѓоковиќ е навистина вознемирено“

Директорот на Австралија опен, Крег Тајли, проговори за ситуацијата во која се најде таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан , кога беше фотографиран во друштво на навивачи кои имале руски знамиња и маици со знакот „З“.

Тој рече дека разговарал со семејството Ѓоковиќ и дека е во добар однос со нив, но тие се вознемирени од целата ситуација.

„Поминав многу време разговарајќи со семејството Ѓоковиќ. Мој совет е дека треба да бидете многу внимателни бидејќи ова е настан од светско значење. Кога имате стотици илјади луѓе кои минуваат низ портите, нормално е дека ќе има луѓе кои ќе дојдат со намера да провоцираат. Немојте да се фаќате за сето тоа. Тие целосно го разбираат тоа. Семејството беше многу добро. Тие беа вознемирени што беше преземено против нив. Немаше никаква намера. Неговиот татко не поддржува војна бидејќи и сам ја има доживеано, тие се фокусирани на поддршка на мирот“, изјави Тајли.

Се вчитува...