БИБЛ: ФМП Академија на „излет“ во Израел, загуби со 42 разлика од Галил

Македонскиот претставник во БИБЛ, тимот на ФМП Академија мина голем пат до Израел, за голем пораз од Галил со дури 42 разлика. На крајот триумф на израелскиот тим, кој го искористи домашниот терен и триумфираше со 107:65.

Катастрофално издание имаа кошаркарите на ФМП, особено во првите три четвртини кога беше направена огромната разлика, за во последната да биде само два разлика за домашните, кои се задоволија и со оваа разлика на крајот.

Кој е кој на овој меч се виде уште во првите две четвртини кои го добија Израелците со 28:15 и 29:11. Лошата игра на ФМП продолжи и во третата четвртина за 25:16 за Галил, а на крајот во последниот период и предност од 25:23.

Се вчитува...