БИБЛ го потврди учеството на Куманово (ФОТО)

Македонската кошарка ќе има три претставници во БИБЛ лигата следната сезона. По официјализирањето на соработката со ТФТ и Академија ФМП, балканската лига денеска го потврди и Куманово.

За „сино-белите“ кои претходната сезона стигнаа до втората групна фаза ова ќе биде шестто учество во балканската лига од нејзиното формирање. Kако потсетување, покрај ова натпреварување кумановци ќе бараат излез и во Еврокупот на ФИБА.

Се вчитува...