БИБЛ: Куманово и ТФТ ги добија противниците во втората фаза (ВИДЕО)

Македонските претставници во БИБЛ лигата, Куманово и ТФТ во следната фаза од натпреварувањето нема да имаат меѓусебни дуели, откако по денешната средба кумановскиот и скопскиот состав беа распределени во групите „Ф“ и „Г“.

Во групата „Ф“ нашиот преставник, ТФТ од Скопје за ривали ги доби екипите на Берое и Хапоел Гилбоа Галил, додека во групата „Г“ пак Куманово ќе одигра четири натпревари со екипите на Академик Пловдив и Хапоел Холон.

Првопласираните две екипи од двете групи ќе обезбедат место на финалниот турнир кој треба да го даде новиот шампион на БИБЛ лигата, а со оглед на тоа дека во наредниот период екипата на Хапоел Холон има обврски и во ФИБА Лигата на Шампионите, календарот за одигрување на четирите кола од втората фаза ќе биде формиран подоцна.

Извесно е дека втората фаза ќе се реализира во текот на март, додека пак завршниот „Фајнал-фор“ турнир е предвиден за средината на април, во место кое исто така ќе биде одредено во подоцнежен временски период.

Се вчитува...