БИБЛ: Куманово, ТФТ и ФМП ги дознаа противниците во групната фаза

Со три претставници од Македонија ќе започне новата сезона во БИБЛ лигата. Куманово, ТФТ и Академија ФМП ќе ја бранат честа на мак-баскетот во интернационалното натпреварување кое оваа година ќе има клубови од Бугарија, Косово и Израел.

Согласно со системот за натпреварување, во новата сезона ќе се натпреваруваат десет екипи, поделени во две групи по пет. Притоа во групата „А“ покрај македонското дерби помеѓу Куманово и Академија ФМП ќе бидат уште Хапоел Галил Гилбоа, Балкан Ботевград и Пеќ.

Во групата „Б“ каде е ТФТ ќе се натпреваруваат уште екипите на Ирони Нахарија, Академик Пловдив, Берое Зтара Загора и Сигал Приштина.

Притоа, менаџментот на БИБЛ лигата остави простор во групите да има уште по една екипа од некои од заинтересираните федерации како Романија и Црна Гора.

Се вчитува...