БИБЛ: Македонски дуел на отворањето на новата сезона, и на ТФТ ќе му гостуваат Македонци

Македонската кошарка во новата сезона на БИБЛ лигата ќе има три претставници. ТФТ, Куманово и Академија ФМП, а последните два ќе се сретнат уште на отворањето на првенството кое е закажано за 12. октомври.

Натпреварот помеѓу кумановскиот и скопскиот тим од групата „А“ ќе биде одигран во „Перо Наков“, додека третиот претставник, ТФТ кој е во групата „Б“ на првиот натпревар кој е закажан за 20. октромври ќе го пречека на домашен терен тимот на Приштина каде настапуваат браќата Лејсон и Јетмир Зекири.

Распоредот на натпревари во БИБЛ лигата ќе биде „шарен“ со цел да се запазат долгите гостувања па така ТФТ првиот меч ќе го одигра во рамките на второто коло, но без разлика крајот на регуларниот дел на сезоната ќе биде во јануари.

Се вчитува...