БИБЛ: Несреќен пораз на Куманово на гостувањето кај фаворитот Хапоел Холон

Кошаркарите на Куманово во неизвесен натпревар загубија на гостувањето кај израелскиот Хапоел Холон со 98-96 во последниот меч од главната групна фаза во регионалната БИБЛ лига. Кумановци го одиграа својот најдобар натпревар во главната фаза, но немаа сили да го изненадат големиот фаворит.

Фредерик Бурдиљон на четири секунди до крајот погоди за водство од 98-96 за домаќините, а во следниот напад Ливингстон ја загуби топката што значеше крај за македонскиот прволигаш.

Отис Ливингстон со 29 поени и 14 асистенции беше најдобар кај кумановци, додека кај победникот Мекги и Сестина завршија со 15 поени.

Се вчитува...