БИБЛ: Нов натпревар, нов дебакл на ФМП во Израел

Македонскиот претставник во БИБЛ лигата, Академија ФМП нема да по добро да ја помни турнејата во Израел. Откако доживеа убедлив пораз од Галил Ејлон, денеска скопскиот состав загуби и од Макаби Хаифа со убедливи 95-73.

Домашниот тим текот на натпреварот го назначи уште од самото отварање кога по 10. минути игра на семафорот стоеше и предност од десет поени (24-14), за истата да се зголеми на +16 (49-33) на полувремето. Ритамот на израелскиот тим падна на отварањето на второто полувреме па избраниците на Петровиќ успеаја да ја намалат негативата на 12 поени (57-45), но искусниот тим веднаш ги консолидираше своите редови и ја врати високата предност (79-56) што значеше и крај на надежите на „академиците“.

Стефан Крстајиќ беше најрасположен во македонскиот состав со 16 поени и 4 асистенции, додека него го следеше Лука Стојановски со 14 поени и 3 асистенции. Еден поен помалку забележа Леонид Тодоровски кој додаде и 6 скока, додека како двоцифрен со 11 поени на кои додаде и 5 скока и 4 асистенции мечот го заврши Ајви.

Се вчитува...