БИБЛ: Походот за титула ТФТ го започнува од Скопје

Походот за титула на македонските претставници во БИБЛ лигата продолжува денеска со дуел во Скопје каде ТФТ го пречекува Берое од 19 часот во првиот натпревар од втората фаза.

Избраниците на Боро Смилковски покажаа карактер во првиот дел од натпреварувањето каде како новалија во натпреварувањето забележаа скор од четири победи и шест порази, со две убедливи победи во последните две средби против Тиват и Ибар. Целта од стартот на сезоната е остварена, а „црно-белите“ сега одат и чекор повеќе.

„Зацртаната цел пласман во втора фаза е остварена, а сега одиме понатаму од тука. Мотивирани сме за денешниот дуел на кој ќе се обидеме да изненадиме еден тим кој што е доста квалитетен. Овој дуел ќе биде од големо значење во однос на тоа што може да биде и пресуден за пласман на „фајнл-фор“ турнирот со оглед на тоа што израелскиот претставник исконува во однос на другите екипи. Мал проблем ќе биде репрезентативната пауза, не сме го натпреварувачки ритам речиси три недели, но ќе мора и тоа да го надминеме. Хендикеп на денешниот натпревар ќе биде и отсуството на Едис Нури кој поради мала повреда нема да биде во можност да го одигра денешниот меч“ – изјави за ЕКИПА, Боро Смилковски.

ТФТ и Берое се сретнаа два пати оваа сезона, дуели по кои беа поделени бодовите, а двата тима успеаа да го одбранат домашниот терен. Предводникот на „црно-белите“ знае од каде доаѓа најголемата опасност на бугарскиот состав, а ќе бидат искористени и слабостите на „зелените“.

„Берое е многу квалитетна екипа која во своите редови има двајца бугарски репрезентативци и квалитетни странски играчи, а од нив доаѓа и најголемата опасност. Исклучително се добри во играта во рекетот, физички се силни, а ќе ни фали искуството на Нури кој знае како да се справи со нивните високи играчи. На оваа средба ќе дебитира и новото засилување Брендан Бејли па ќе имаме повеќе поддршка. Доколку успееме да одиграме добро во одбрана, го исконтролираме скокот и ја наметене нашата игра во транзиција, притоа не служи шутот и имаме малку спортска среќа може и да дојдеме до победа“ – додава првиот човек на новалијата.

Се вчитува...