БИБЛ: Пораз на ТФТ во Косово, Зеќири им пресуди на кошаркарите од Тафталиџе

Во натпревар од 7-то коло на БИБЛ лигата кошаркарите на ТФТ не успеаја да се справат со тимот на Сигал Приштина, па на гостински терен загубија со 80-73.

Домаќините од Косово ја најавија желбата за победа уште во првиот период, успевајќи со минимална предност од 22-18 да ја неутрализираат играта на кошаркарите од Тафталиџе. Како што одминуваа минутите од мечот, така растеше и водството на Сигал, па на полуверме се замина со резултат од 42-31 за тимот од Приштина.

Во вториот дел тимот на ТФТ значително ја подобри својата игра, па со цврста одбрана и поголема концетрација за момент се вратија во мечот. Третиот период го добија домаќините со минмална предност од (25-23).

Шансите за скопјани беа во целост загубени во последната чевртина, откако ТФТ не успеа во целост да се состави, па ваквата неконстантност во играта им донесе уште еден пораз во БИБЛ лигата.

По оваа победа Сигал се искачи на 3-то место со осум освоени бода, додека ТФТ останува на 2-та позиција со 10 освоени поени. Кај домаќините доминираше Лејсо Зеќири со 17 поени, додека кај ТФТ се истакна Ландриус Хортон со 19 поени.

Се вчитува...