БИБЛ шокира: Дванаесет тима од Израел во Балканската лига

Балканската кошаркарска лига денеска донесе изненадувачка одлука, отворајќи ги вратите за 12 екипи од израелскиот шампионат да станат дел од БИБЛ за сезоната 2020/21. Станува збор за очигледен преседан за помош на израелските клубови, откако државните власти во Израел донесоа одлука да смеат да тренираат и да се натпреваруваат само клубови што учествуваат и во меѓународни натпреварувања.

Ова практично ќе значеше и фијаско на израелското првенство, но со експресниот договор со БИБЛ сега клубовите ќе добијат зелено светло за настап и нормален тренажен процес, спасувајќи го и домашниот шампионат.

Дванаесетте израелски клубови ќе играат меѓу себе, а најдобрите два тима потоа ќе се приклучат на екипите од регионов во борбата за трофејот во БИБЛ.

Регионалното натпреварување претходно најави дека ќе има осум сигурни учесници за сезоната 2020/21, а останува да се види дали со вклучувањето на Израелците оваа бројка ќе биде намалена на шест. Од македонските клубови, беше најавено дека дел од БИБЛ во следната сезона ќе бидат Куманово и новиот прволигаш ТФТ.

Се вчитува...