БИБЛ: Тај Харис е најкорисниот играч за ноември!

Новалијата во БИБЛ лигата, ТФТ приреди одлични натпревари во регионалната лига изминатиот месец, ги доби двата одиграни дуела против Куманово и Берое, а еден од најзаслужните за истото беше разигрувачот на клубот од Тафталиџе, Тај Харис.

Американецот е еден од клучните играчи во тимот на Боро Смилковски. На натпреварот против бугарскиот состав, бекот оствари дабл-дабл учинок од 25 поени и 10 асистенции, а додаде и три скока и една украдена топка, додека пак на македонскиот дуел, Харис натпреварот го заврши со 18 поени, а додаде и 8 асистенции, 7 скока и две украдени топки.

ТФТ е едно од најдобрите изненадувања сезоната, а доколку скопскиот тим продолжи со добрите натпревари лесно ќе се пласира во следната рунда од БИБЛ лигата, а ќе ја оствари и целта во домашното првенство, опстанок.

Се вчитува...