Биелса добива преку 220 милиони фунти за трансфери

Лидс по 16 години повторно ќе биде дел од Премиер-лигата, а македонскиот интернационалец Езгјан Алиоски ќе биде петтиот кој ќе ја претставува нашата земја во најсилната европска лига.

Тренерот на клубот Марсело Биелса ќе добие над 220 милиони фунти како би можел да го засили тимот за предизвиците кои следат. Покрајт тоа што Аргентинецот ќе добие голема сума за засилувања, од клубот поради успехот кој го направи ќе добие и зголемување на платата. Тој наместо досегашните 6,6 милиони по сезона, од следната година ќе заработува 8,8 милиони.

Се вчитува...