Биелса се заљубил во Елмас: „Дијамантот“ прва цел на Лидс по ЕВРО 2020

Менаџерот на Лидс, Марсело Биелса не крие веќе дека силно е заљубен во најголемиот македонски фудбалски талент, Елиф Елмас

Од Лидс се свесни дека цената на Елмас дополнително може да порасне по настапот на ЕВРО 2020, но Англичаните сакаат да се обидат да дојдат до еден од најталентираните европски фудбалери кои од речиси сите угледни европски спортски медиуми е издвоен како надоаѓачка фудбалска ѕвезда во Европа.

Претходно, и Бенфика, Борусија Дортмунд и Тотенхем искажаа отворен интерес за ангажман на македонскиот репрезентативец. Но, факт е и дека Наполи воопшто не размислува за продажба на Елмас, посебно по заминувањето на Гатузо и ангажманот на Спалети.

Се вчитува...